Centar.mk
РЕГИОН

Голем пожар во Крагуевац: три лица итно евакуирани од запален стан

Во текот на ноќта голем пожар избувна во станбена зграда во Крагуевац на улицата Николе Пашица.

„Пожарот го зафатил станот на вториот кат, влезната врата и дел од собите. Зградата беше во чад. Со брза реакција на спасувачите, пожарот е локализиран, а потоа изгаснат, а три лица се спасени и евакуирани од запалениот стан“, изјавил за РИНА еден од жителите.

Две лица поради повреди се пренесени во Клиничкиот центар за укажување лекарска помош.

Во интервенцијата учествувале 15 пожарникари со четири возила, а причината за пожарот ќе се утврдува по детална истрага што ќе ја спроведе полицијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

27-годишнина од бомбардирањето на НАТО врз СР Југославија

C +

Британски коментатор: Предлогот на Вучиќ и Рама е најдобриот начин да се спречи нестабилност на Балканот и ЕУ

C +

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

C +