Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Шмит: Не знам од каде Европа планира да најде десетици илјади војници за да ги испрати во Украина

Русија ја слави одлуката на актуелниот американски претседател Доналд Трамп да ја замрзне воената помош за Украина, додека Европа се обидува да се обедини откако Трамп се сврте кон Москва, велат аналитичарите.

„Мислам дека Кремљ добива практично сè што сака од Трамп“, рече Метју Шмит, професор по национална безбедност и политички науки на Универзитетот во Њу Хевн.

„Всушност гледаме како САД преговараат само со Европа, а во исто време вршат притисок врз Украина, што е прилично чуден пресврт на настаните“, рече Шмит.

Франција и Велика Британија понудија алтернативен мировен план за Украина, кој вклучува „коалиција на подготвените“, со војници на земја и авиони во воздух, изјави британскиот премиер Кир Стармер во текот на викендот.

Но, Шмит за Си-Ен-Ен изјави дека има мали шанси Трамп да прифати каков било европски предлог за прекин на огнот.

Тој, исто така, додаде дека ќе биде многу тешко за европските сојузници на Украина да соберат „десетици илјади“ војници потребни за мировните сили. „Немам поим од каде Европа би можела да добие толку многу војници“, рече Шмит./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Русија бара прекин на огнот, а истовремено ја напаѓа Украина

C +

Трамп: Конфликтот со Иран може да трае две до три недели, САД веќе победија

C +

Обама: Нетанјаху и мене се обидуваше да ме натера да војувам со Иран, а сега го доби она што го сакаше

C +