Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Пет европски воени сили ја потврдија поддршката за Украина

Претставниците на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска ја потврдија својата политичка и воена помош за Украина.

Членките на НАТО се собраа преку видео врска во форматот за одбранбена соработка на Групата пет водечки европски одбранбени сили.

„Сите се согласуваат дека (Украина) може да се потпре на континуираната и сеопфатна поддршка на Групата“, се вели во соопштението на германското Министерство по состанокот.

Состанокот беше свикан за кратко време по жестоката расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа минатата недела.

Расправијата ги поттикна стравувањата дека Вашингтон би можел да ја повлече својата клучна поддршка за Киев, бидејќи односите меѓу САД и Русија почнаа да се подобруваат.

Следниот состанок на Групата пет одбранбени сили е закажан за 12 март во Париз. Целта на групата е да ја зајакне европската безбедносна и одбранбена подготвеност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Девојче на 14-годишна возраст е најмалата жртва во пожарот кој избувна за време на новогодишната ноќ во Швајцарија

C +

Идентификувани 11 жртви од пожарот во Кран Монтана, меѓу нив е и детето од Македонија по кое се трагаше

C +

Мадуро префрлен во притворскиот центар во Њујорк

C +