Centar.mk
фото Влада
СВЕТ

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди бавно

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни.

„Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на зачленување на Македонија во ЕУ не само затоа што е срамно што овој процес бавно оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија, туку ние членките на ЕУ. Покрај тоа, ние нивното членство го поддржуваме, ЕУ мора да биде поконкурентна во светот и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста, освен продолжување на процесот на проширувањето. Секое проширување досега ѝ донесе добро на Европската Унија“, истакна Орбан./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +

Трамп најави одлука за напад врз Иран, но сè уште се соочува со три клучни пречки

C +