Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Некој што сака преговори не пука намерно во луѓе со балистички проектили

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека некој што сака преговори намерно не пука во луѓе со балистички ракети.

„Украина се бори за нормален и безбеден живот што го заслужува, за мир кој е праведен и сигурен. Сакаме оваа војна да заврши. Но, Русија не го сака тоа и продолжува со својот терор од воздух: во текот на изминатата недела над 1.050 напади со беспилотни летала, околу 1.300 воздушни бомби и повеќе од 20 проектили беа лансирани над Украина за уништување градови и убивање луѓе“, напиша тој денеска на Телеграм.

Тој додаде дека е неопходно светот да биде пообединет и посилен за да се запрат руските напади.

„Зајакнувањето на нашата противвоздушна одбрана, поддршката на армијата и ефективни безбедносни гаранции кои ќе го спречат враќањето на руската агресија – тоа е она на што треба да се фокусираме. Правдата мора да победи. Ние веруваме во моќта на единството и сигурно ќе го вратиме мирот“, напиша тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +