Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Ако Русите сакаат преговори, првин треба да престанат да го гаѓаат нашиот народ со проектили

Во својата најнова објава на социјалните мрежи Зеленски ја обвинува Русија дека продолжува, како што го нарекува, со воздушен терор против Украина.

„Украина се бори за нормален и безбеден живот што го заслужува, за мир – праведен и траен. Ние сакаме оваа војна да заврши. Но Русија не го сака тоа и продолжува со својот воздушен терор. Ако сакате преговори, не пукајте во луѓето со балистички ракети. За Русија да ги запре нападите, светот мора да биде пообединет и посилен“, додаде Зеленски.

Украинската полиција извести дека две лица загинале, три се повредени во руските напади во регионот на Донецк во изминатите 24 часа, а десетици куќи биле оштетени или уништени.

Во одвоен извештај тие исто така соопштија дека пет лица загинале, а 13 се ранети во јужниот регион Херсон, вклучително и тројца полицајци, кои го евакуирале телото на 63-годишен маж убиен во напад со беспилотно летало./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛСКА ПРОГЛАСИ НАЦИОНАЛНА ЖАЛОСТ – Знамињата на половина копје на 8 и 9 ноември

ДЕСК

РУСИЈА ГИ ЗАСИЛУВА НАПАДИТЕ ПРЕД ПРЕГОВОРИТЕ – Украина пријавува прекини на струјата во пет региони

ДЕСК

СИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ПОПЛАВИЈА ГАЗА – Илјадници шатори оштетени, раселените семејства повторно без засолниште

ДЕСК