Centar.mk
СВЕТ

Заем од 2,26 милијарди фунти ќе добие Украина од Велика Британија

Велика Британија и Украина постигнаа договор за заем од 2,26 милијарди фунти (околу 2,73 милијарди евра) за поддршка на одбранбените капацитети на Украина, изјави украинскиот министер за финансии Сергеј Марченко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, заедно со британската министерка за финансии Рејчел Ривс, синоќа преку видео-повик разговараа со Марченко, јави Би-Би-Си.

Марченко на социјалните мрежи напиша дека средствата се „обезбедени со замрзнати руски средства“. Тој додаде дека и е благодарен на Велика Британија што „го смета агресорот одговорен за војната“.

Зеленски вчера во рамки на посетата на Велика Британија се сретна со британскиот премиер Стармер, додека денеска ќе присуствува на самитот на европските лидери на кои ќе се разговара за безбедносните гаранции што европскиот континент може да ги понуди на Киев во случај на прекин на огнот со Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Путин веќе ја почна Третата светска војна

C +

Путин потпиша закон кој им дозволува на ФСБ да го исклучат интернетот во Русија

C +

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

C +