15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сијарто: На состанокот меѓу Зеленски и Трамп беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи

На состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Вчера на сите им стана појасно од кога било кој сака мир, а кој војна. Кој сака да прекине убивањето, а кој сака да продолжи. Кој е тој што стои на тлото на здравиот разум, а кои се тие кои не жалат ниту за човечки животи, ниту за милијарди евра, само за да продолжи војната“, објави Сијарто на мрежата Икс.

Тој рече дека „залагањето за мир“ на Трамп бил најважниот момент во последните три години од војната во Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германскиот канцелар Мерц: Путин мора сериозно да ја сфати понудата за дијалог

C +

Петорката на Путин за Алјаска: Што открива составот на руската делегација?

C +

Киев: Путин носи карти за самитот, ќе се обидат да ја претстават Украина како вештачка држава

C +