Centar.mk
ЛОКАЛНО

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Митко и Катерина Дрвошанови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица. Тие, вечерва во 18:30 часот ќе го предводат карневалското дефиле на Интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица.

На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а една од највпечатливите маски беше на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој заедно со неговата партнерка беа маскирани како Викинзи.

– Маските, изработени со посебен напор и љубов, носат уникатна убавина на вечерта, а маскенбалот ветува нова незаборавна карневалска авантура. Со секој детал, со секој изглед, се чувствува духот на традицијата, но и современата креативност која го прави нашиот карневал уште поспецифичен. Струмица, срце на карневалската традиција, продолжува да блеска со секоја нова година, објави струмичкиот градоначалник на неговиот фејсбук профил.

Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски информира дека е започната сеопфатна и одлучна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти

ДЕСК

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

ДЕСК

Oпштина Кисела Вода: Генерално се чисти општината

C +