Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

ЗАПОЧНА ПРОЛЕТНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО КАРПОШ

Во тек е редовната пролетна дератизација на околу 5.000 шахти на територија на општина Карпош. Како дел од рутинските активности за одржување на јавната хигиена претходно, со процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација беа опфатени сите основни училишта и детски градинки.

Локалната самоуправа ја презема оваа активност секоја година на пролет и есен, како превенција од штетните глодари и инсекти, во насока на одржување на здравата животна средина.

Можеби ќе ве интересира

Перински од Охрид: Инвестиции во инклузивен туризам и подобри комунални услуги за граѓаните

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

C +