Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработените во Македонската филхармонија најавуваат нов протест

Вработените во Македонската филхармонија во понеделник со почеток во 13 часот ќе одржат нов протест пред Министерството за култура и туризам.

„Пред точно една недела добивме ветување од министерот Зоран Љутков дека конкурсот за избор на директор на Македонската филхармонија ќе биде спроведен законски и дека ќе биде избран најдобриот кандитатот кој ги исполнува сите услови пропишани со Законот за култура. Во меѓувреме добивме информации дека конкурсот веќе се спроведува незаконски, и дека по секоја цена се оди кон тоа меѓупартиски договорениот кандидат Мустафа Имери да биде назначен за директор на нашата институција. Имаме информација дека Имери не доставил комплетна документација, иако во конкурсот јасно е назначено дека некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. Комисијата веќе им дала рок на кандитатите кои не доставиле уредна документација да ги достават потребните документи во рок од три дена. Со тоа се кршат условите пропишани во конкурсот, се со цел да се истера меѓупартискиот договор меѓу ВРЕДИ и ВМРО-ДМНЕ и да се назначи Мустафа Имери за директор на нашата институција“, истакнуваат во соопштението вработените во Македонската филхармонија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +