Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба на МЕП Муртезани со координаторката на ОН во Северна Македонија, Рита Колумбиа

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбиа. Главна тема на разговорот беше унапредувањето на соработката меѓу Министерството за европски прашања и системот на ОН во насока на поддршка на реформските процеси поврзани со европската интеграција на земјата.

Министерот Муртезани ја нагласи важноста на интегрираниот пристап кој го применуваат агенциите на ОН во поддршката на реформите, особено во контекст на спроведување на Националната развојна стратегија и подготовката на новата Рамка за одржлива развојна соработка 2026-2030. Тој подвлече дека системот на ОН во земјата претставува значаен сојузник во процесите на јакнење на институционалните капацитети, справување со социјалните и економските нееднаквости и спроведување на зелени политики усогласени со Европскиот зелен договор.

Координаторката Колумбиа ја потврди подготвеноста на Обединетите нации да продолжат со техничка и експертска поддршка на Министерството за европски прашања во евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека напредокот во имплементацијата на Агендата 2030 е тесно поврзан со реформските приоритети на земјата. Таа го поздрави проактивниот ангажман на МЕП во координирањето на донаторската помош и во вклучувањето на меѓународните партнери во стратешките процеси на Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +