Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

МЗШВ: Исплатени субвенции за пчеларите

Денеска се изврши вкупна исплата во износ од 169.222.200 денари на 5.566 пчелари по мерката, известуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извршени се директни плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства за земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 регистрирани презимени пчелни семејства.

Висината на директните плаќања изнесува 600 денари по презимено пчелно семејство.

„Грижата за земјоделецот е приоритет на Министерството. Продолжуваме со редовно исплаќање на субвенциите“, нагласуваат од ресорното министерство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОБЛИСКУ ДО РОАМИНГ КАКО ДОМА – ЕУ започна преговори со Западен Балкан

ДЕСК

КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАЌА ИДНИТЕ ПЕНЗИИ? – Прашањето што денес го избегнуваме, а утре може да го почувствува секое семејство

ДЕСК

Лабудовиќ: Реформите во енергетскиот сектор носат конкретен напредок

ДЕСК