Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 710 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 64,04%, а 35,96% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 65,37%, кон Итната медицинска помош 27,56%, а кон пожарникарите 3,18%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 626 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Пожари на отворен простор во последното деноноќие имало шест, а пожарникарите паралелно гаснеле и поѓари во населени места при што сите ги изгаснале.
Конкретно Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје, известува дека Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, во текот на изминатото деноноќие ги имала следните 3 интервенции: од 16.05 до 17.10 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 100 м2 во с.Ласкарци (Општина Сарај); од 16.05 до 17.30 часот, 2 пожарникара со 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 200 м2 кај с.Горно Лисиче (Општина Аеродром); од 20.55 до 21.55 часот, 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од околу 1 хектар во с.Петровец (Општина Петровец).
РЦУК Битола, известува дека Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп имала 2 интервенции за гаснење поѓари на отворено: од 14.00 до 17.30 часот, 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во с.Житоше и од 17.45 до 18.40 часот, 3 пожарникари со 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација и грмушки во близина на фабриката „Донија“.
РЦУК Тетово, известува дека ТППЕ Тетово од 16.00 до 16.25 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалено ѓубре кај Патарина Тетово. Имала и една друга помала интервенција.
Инаку, се апелира до граѓаните да ги проверуваат и да чистат оџаците, бидејќи секојдневно се уште има по неколку пријави и интервенции за запалени оџаци, што е голема опасност за да се запали поткровје, а со тоа и цел објект.
Поголем број неексплодирни убојни средства (НУС), вчера, повторно се пронајдени во Битола, по пронаоѓањето на вкупно 206 гранати од Првата светска војна во претходното деноноќие, при изведување градежни работи. Конкретно, Регионалниот ЦУК Битола, известува дека вчера во 17.15 часот на Единствениот повикувачки број за итни повици 112, е добиена пријава за пронајдени НУС на ул. „Баталјон Стив Наумов“ бр.22 во Битола. Веднаш од РЦУК Битола е известен овластен пиротехничар од ДЗС Битола, кој по проверката и обезбедувањето на местото, известил дека се работи за поголема количина на НУС и дека истите ќе бидат подигнати во текот на денешниот ден (26.02.2025). Од ЦУК истовремено биле известени и МВР – СВР Битола коишто, според стандардни оперативни процедури, вршат обезбедување на пронајдените НУС до нивно безбедно отстранување. Инаку, ако граѓаните пронајдат гранати или слични премети се препорачува да не ги поместуваат сами, заради лична и безбедност на сите околу нив, туку едноставно да се јавт, пријават за локацијата и најденото, на 112 во ЦУК.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...