15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Помудро ќе беше да гласаме „За“ двете резолуции во ООН, смета Филипче

По гласањето во Обединетите нации за резолуциите за Украина, лидерот на СДСМ Венко Филипче смета дека Македонија во светот испраќа порака дека води конфузна надворешна политика базирана на импровизации.

„Со воздржаното гласање за европската резолуција за Украина, нашата земја се најде во несоодветно друштво, заедно со Гана, Бангладеш и Замбија. Сите наши соседи гласаа „за“, а земји како Италија и Полска, кои имаат блиски односи со администрацијата на Трамп“ рече тој.

Според него, многу помудро ќе било ако државата гласала „За“ двете резолуции, европската и американската.

„Ќе беше многу помудро ако Северна Македонија гласаше „за“ и за двете резолуции. Тоа ќе беше принципиелна, стабилна позиција, која ќе ја зајакнеше нашата поддршка и кон Европската унија и кон Соединетите Американски Држави. Овие резолуции не се косат една со друга, тие се надополнуваат. Франција, Германија, Италија и многу други европски земји гласаа „за“ американската резолуција. Ако веќе сме биле коспонзори, зошто не сме гласале за неа? Ако сме целосно усогласени со европската надворешна политика, како што тврди Мицкоски, зошто гласавме спротивно од сите европски земји? Одговори на овие прашања воопшто не добивме од Владата туку само добивме еден одговор „затоа што премиерот така одлучил“. Гласањето за двете резолуции ќе значеше јасен став дека поддржуваме постигнување на мир во Украина за што пократко време“ порача тој.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК