13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Владата води надворешна политика без компас

Последните одлуки и гласањето во Обединетите нации јасно покажаа дека Владата ја води надворешната политика целосно без компас, импулсивно и надвор од јасно утврдените стратешки приритети, кажа на денешната прес-конференција, лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Таквиот однос, смета Филипче, создава опасност Македонија да биде маргинализирана во европските политички кругови.

„Наместо да се однесуваме како држава со конзистентна меѓународна политика, Владата делува како залутан играч кој прави екскурзии и без причина ја напушта европската надворешна стратегија. Додека поголемите европски држави тактички балансираат помеѓу глобалните сили, Македонија со својата недоследност ризикува да биде маргинализирана од европските политички кругови. Со воздржаното гласање за европската резолуција за Украина, нашата земја се најде во несоодветно друштво, заедно со Гана, Бангладеш и Замбија. Сите наши соседи гласаа „за“, а земји како Италија и Полска, кои имаат блиски односи со администрацијата на Претседателот на САД Доналд Трамп, исто така гласаа „за“. Ова го отвора прашањето – што бара Северна Македонија во оваа група? Дали сме европска земја или сакаме да останеме во некоја геополитичка изолација? Мапата која деновиве се споделува на интернет каде Македонија е сама, изолирана во одлуката многу кажува за тоа како ни стојат работите на планот на меѓународната политика“ порача Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.