Centar.mk
РЕГИОН

Додиќ осуден на една година затвор и забрана за државна функција од шест години – Вучиќ свика итна седница на Советот за безбедност

За денеска е закажана итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, соопшти претседателската канцеларија за односи со медиумите.

Седницата е закажана за 17 часот во зградата на Генералниот секретаријат на предлог на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ќе претседава со неа.

Сето ова доаѓа откако, Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска е прогласен за виновен по обвинението за непочитување на одлуките на високиот претставник на БиХ. Додиќ е осуден на една година затвор и шест години забрана за извршување на државна функција.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +