14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Власта ги остави граѓаните сами со големите цени и високите сметки, ги одби законите за ДДВ

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – пратеничка:

Почитувани граѓани,

Кога денеска или утре ќе платите висока сметка за струја, кога во маркет ќе мора да платите прескапи цени за храна да знаете дека има причина за тоа.

На 24 февруари пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН одбија да ви помогнат, ги одбија Законските решенија на СДСМ намалување на ДДВ-то за струја и укинување на ДДВ за храна.

Оваа власт покажа дека не се грижи за граѓаните и нема намера да преземе ништо, ниту да ги заштити оптеретените семејни буџети ниту да им помогне.
Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите, животниот стандард опаѓа.

Нашиот предлог Закон за намалување на ДДВ за струја на 5% и целосно укинување на ДДВ-то за храна беа со посветена цел: да се спречи скапотијата, да се намалат цените, да се обезбеди пониски сметки за струја за над 600 илјади домаќинства и да се заштити стандардот на народот.

Само со укинување на ДДВ за храна граѓаните би заштедиле 2.000 денари месечно а со намалување на ДДВ за струја до 400 денари месечно.
Но Владата на Мицкоски има други приоритети, граѓаните не и се приоритет.

Граѓаните кои секој ден се борат со огромната скапотија и едвај врзуваат крај со крај се оставени сами.

Ова го покажува вистинското лице на ДПМНЕ и Мицкоски кое се грижи само за елитата и за богатите трговци.

СДСМ ќе продолжи неуморно да се залага за мерки што ќе го подобрат животниот стандард и ќе го заштитат достоинството на секој македонски граѓанин.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.