13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на МЕП Муртезани со европратеникот и известувач на ЕП за Северна Македонија, Томас Вајц

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утрово оствари средба со австрискиот европратеник Томас Вајц, новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија.

Средбата се одржа во пресрет на 23-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Северна Македонија-Европската Унија, кој претставува важна можност за продлабочување на дијалогот и зацврстување на заедничката заложба за европската иднина на земјата. Муртезани и Вајц укажаа на значењето на овој форум како простор за конструктивна размена на ставови и унапредување на соработката, со цел побрза интеграција на Северна Македонија во Европската Унија.

Во фокусот на разговорот беа Реформската агенда и Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, како двигатели на евроинтегративниот процес. Министерот Муртезани истакна дека Северна Македонија останува посветена на клучните реформи во владеењето на правото, борбата против корупцијата и економскиот развој, нагласувајќи дека овие напори се од суштинско значење за напредокот во пристапните преговори. Европратеникот Вајц ја потврди поддршката на Европскиот парламент, нагласувајќи дека доследното спроведување на реформите ќе биде клучен фактор во следната фаза од процесот.

Посебен акцент беше ставен и на Зелената агенда, при што Вајц го поздрави ангажманот на Северна Македонија за одржлив економски раст и енергетска независност преку зелени иницијативи. Беше истакнато дека Европската Унија, преку Планот за раст и други механизми за финансиска поддршка, ќе продолжи да ја поддржува земјата во спроведувањето на реформските приоритети.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.