15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на МЕП Муртезани со данската амбасадорка Кардел

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска имаше средба со неризедентната амбасадорка на Кралството Данска во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Пернил Далер Кардел. Акцентот на разговорот беше ставен врз напредокот на Северна Македонија во процесот на интеграција во Европската Унија, како и на регионалните перспективи за проширување.

Министерот Муртезани изрази благодарност за континуираната поддршка на Данска за евроинтегративниот процес на Северна Македонија и на регионот. Министерот и Амбасадорката го потенцираа значењето на исполнувањето на Копенхашките критериуми како клучен предуслов за успешна интеграција во Унијата. Соговорниците констатираа дека Копенхашките критериуми, кои опфаќаат стабилни институции што гарантираат демократија, владеење на правото, почитување на човековите права и функционирање на пазарната економија, претставуваат суштинска основа за нашите реформски процеси и напредокот кон полноправното членство во ЕУ.

На средбата беше најавена посетата на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере во април годинава. МЕП Муртезани подвлече дека оваа посета ќе биде значајна за продолжување на дијалогот за нашето европско досие, особено во светло на претстојното претседавање со Советот на ЕУ, кое од 1 јули годинава Данска го презема од Полска. Соговорниците се осврнаа и на приоритетите на данското претседавање, со посебен акцент на Северна Македонија и регионот, нагласувајќи дека во услови на актуелни геополитички предизвици, заживувањето во пракса на политиката на проширување претставува императив и клучен фактор за стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК