Centar.mk
СВЕТ

Папата добро се одмори преку ноќ, вели Ватикан

Папата Франциско кој се наоѓа во болница во критична состојба поради двојно воспаление на белите дробови, „добро се одмори“ во текот на ноќта, соопшти Ватикан.

„Папата добро се одмори, цела ноќ“, се вели во кратката изјава во една реченица на Светата столица, на 12-тиот ден од неговата хоспитализација.

Ова е најдолг престој во болница од почетокот на неговото папство во 2013 година, анализираат светските медиуми.

Ватикан вчера вечерта соопшти дека здравствената состојба на папата Франциско (88) покажува „благо подобрување“, иако и понатаму е „критична“.

88-годишниот папа беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари, откако неколку дена имаше проблеми со дишењето, а потоа му беше дијагностицирано воспаление на двете бели дробови.

Френсис, во последните две години страда од лоша здравствена состојба. Тој е особено склон кон инфекции на белите дробови бидејќи кога бил млад заболел од pleuritis и му бил отстранет дел од едното белодробно крило./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.