Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски му честита на Мерц

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на лидерот на ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц за победата на неговата партија на германските парламентарни избори и рече дека со нетрпение очекува да работат заедно за да донесат „вистински“ мир во Украина.

„Им честитам на ЦДУ/ЦСУ и на Фридрих Мерц за нивната победа на изборите за Бундестагот“, напиша Зеленски во објавата на Икс.

„Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме заедно со Германија за да ги заштитиме животите, да донесеме вистински мир во Украина и да ја зајакнеме Европа“, се вели во објавата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +