Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Погодена рафинерија во Русија; Гувернерот: Остатоците од дрон го предизвикаа пожарот

Остатоците кои паѓаат од уништените украински беспилотни летала предизвикале пожар во индустриска фабрика во руската област Рјазан, објави гувернерот на регионот.

„Според првичните информации нема повредени, а се проценува материјална штета“, напиша гувернерот Павел Малков на апликацијата за пораки Телеграм.

Тој не прецизираше за која компанија се работи, но потврди дека службите за итна помош се на терен.

База, информативен канал Телеграм близок до руските безбедносни служби, објави дека украинските беспилотни летала целеле на нафтена рафинерија во Рјазан, која е во сопственост на Роснефт. Украинците се уште не се огласиле.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа пожарот што избувна по нападот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иранската државна телевизија емитуваше закана по животот на американскиот претседател Доналд Трамп

ДЕСК

Непотврдени наводи за погубување на младиот демонстрант, САД реагираат со ново предупредување

ДЕСК

Мецола: ЕУ не смее да го чека Трамп, притисокот врз Иран мора да биде итен

C +