Четири лица загинаа, едно е хоспитализирано, а едно се води како исчезнато откако потона брод во водите меѓу Квинс и Стејтен Ајленд.
Американската крајбрежна стража соопшти дека екипажот сè уште трага по исчезнато лице, откако рано попладнево пет лица беа спасени од бродот.
Пет лица од бродот беа пронајдени, а четворица од нив не реагираа кога беа извлечени од водата, изјавија претставници на крајбрежната стража.
Двајца од спасените лица биле пренесени со хеликоптер во Универзитетската болница во Стејт Ајленд, а тројца биле пренесени во станицата на крајбрежната стража Сенди Хук, каде што чекале итни медицински служби, соопштија официјални лица.
Оттогаш, четири лица се прогласени за мртви. Петтото лице е во стабилна состојба, соопшти полицијата.
Температурите на водата сè уште беа околу нула во неделата. „Не можам да замислам луѓето да издржат повеќе од 10 минути на овие температури, а да не паднат во целосна хипотермија“, рече Рој Скот, поранешен инспектор на американската крајбрежна стража.
Крајбрежната стража и полицијата на Њујорк ги истражуваат околностите за потонувањето на бродот./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...