Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Се слушнаа Трудо и Трамп, Белата куќа: И двајцата сакаат крај на војната во Украина

Канадскиот премиер Џастин Трудо и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа за војната во Украина и напорите за борба против нелегалната трговија со фентанил, се вели во соопштението од канцеларијата на Трудо.

Разговорот дојде додека лидерите на групата земји Г7 планираат утре да одржат повик со генералниот секретар на НАТО, лидерите на Европската унија и лидерите на Романија и Полска за да разговараат за војната во Украина.

Белата куќа соопшти дека и Трамп и Трудо изразиле желба да видат крај на тригодишната војна. „Двајцата лидери рекоа дека очекуваат повик во понеделник“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Патем, Трамп ја обвинува Канада за епидемијата на зависност од фентанил во Америка, сметајќи дека таа не се бори ефикасно против шверцот, а тој е незадоволен и од нејзиниот однос кон илегалната имиграција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италија се дистанцира: Мелони вели дека земјата нема да учествува во војната во Иран

C +

Политико: Администрацијата на Трамп верува дека може да издржи скок на цените на нафтата до четири недели

C +

Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи

C +