Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Украина и САД работат на склучување економски договор

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна во петокот дека официјални лица од неговата земја и САД работат на склучување економски договор за да се осигураат дека тој е ефективен и праведен кон Киев.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во Вашингтон дека преговарачите се блиску до финализирање на договорот.

Зеленски го отфрли првичниот предлог, кој се фокусираше на соработката во областа на минералите, велејќи дека тоа е „не сериозен разговор“ и не е во интерес на Украина.

„Денес тимови од Украина и САД работат на нацрт-договор меѓу нашите влади“, рече Зеленски во својата ноќна видео порака.

„Овој договор има потенцијал да ги зајакне нашите односи и, што е најважно, деталите мора да се договорат на таков начин што ќе се осигура дека ќе биде ефективен. Се надевам на исход, фер исход“.

Зеленски ги даде забелешките по разговорот меѓу началникот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, и американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК