Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Минусни температури во цела држава, во Берово измерени -13 степени

Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -13 степени, -11 било во Маврови Анови, -10 во Крива Паланка, -9 во Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес и Куманово, -8 во Тетово, Прилеп и Скопје-Зајчев Рид, -7 во Кавадарци, Виница, Пожаране и Штип, -6 во Гевгелија, -5 во Охрид и Претор, -4 во Струмица.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово била 31 сантиметар на Попова Шапка и 8 во Маврови Анови.

Времето денеска

Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК