22. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американскиот јавен обвинител: Документите на Епстејн се на мојата маса

Американскиот државен обвинител Пем Бонди денеска ги навести плановите за објавување на документи во случајот Џефри Епштајн – кои би можеле да го вклучат списокот на неговите клиенти.

Бонди рече дека има многу документи поврзани со случајот со починатиот педофил, кои се наоѓаат токму на нејзиното биро и чекаат да бидат разгледани.

Таа рече дека била информирана за материјалите набргу откако била потврдена на нејзината висока позиција во администрацијата на Трамп и дека нивното обелоденување било наредено лично од претседателот Трамп.

„Дали Министерството за правда навистина ќе објави список на клиенти на Епстејн?“, беше прашана Бонди за време на пренос на Фокс њуз, каде ја откри оваа вест.

„Документите се на моето биро во моментов, а тоа е по налог на претседателот Трамп. Ги прегледувам, како и досиејата на ЏФК и списите на Мартин Лутер Кинг. Сето тоа е во процес на ревизија“, објасни Бонди.

„Доналд Трамп не дава празни ветувања. Мислам дека неговите дадени ветувања сега се исполнети. И затоа сите сме таму да ја спроведеме неговата директива да ја направиме Америка безбедна и просперитетна“, рече таа во еден момент.

На прашањето дали видела нешто меѓу документите досега што ќе ја натера да каже „О, Боже мој“, главниот државен правобранител одговори: „Сè уште не“./Извор:Makfax