11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Акцелераторот на Онкологија повторно е во функција, а листите на пациенти за снимање во ПЕТ центарот се двојно намалени

Редно време е во СДС да се смират и да почнат да ја гледаат реалноста која се менува.

Венко Филипче кој е претседател на СДС, а во владата на Заев беше министер за здравство го уништи целиот здравствен систем. Сега Филипче нека се сврти околу себе и нека види дека работите се менуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Помина времето на СДС кога не се грижеа за граѓаните, сега е поинакво време, време на трансформација на Македонија во полза на граѓаните. За разлика од времето на СДС кога имаше долги на листи на чекање за снимање во ПЕТ центарот, денес истите се двојно намалени. Тоа е резултат на новото раководство на центарот. За разлика од времето на СДС кога акцелераторот на Онкологија не работеше сега истиот по осум години е ставен во функција, односно е на располагање на пациентите“.

За разлика од времето на СДС и Филипче, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, сега сите пациенти добиваат квалитетна радиотерапија согласно на стандардите на европските земји./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +