Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Просечната бруто плата во Македонија е 65582 денари, додека нето 43578 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата пo вработен во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, изнесува 109.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.3 %), Транспорт и складирање (12.5 %) и Рударство и вадење на камен (12.2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.7 %), Градежништво, Административни и помошни услужни дејности (7.1 %) и Транспорт и складирање (5.9 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2024 година, изнесува 65 582 денари, додека нето 43578 денари.

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +