21. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Си-ен-ен: Дизајнот на авионот им помогна на сите 80 луѓе да ја преживеат несреќата на „Делта ерлајнс“ во Торонто

Мајкл Мекормик, вонреден професор на аеронаутичкиот универзитет Ембри-Ридл, денеска изјави дека благодарение на дизајнот и инженерството, сите 80 патници и членови на екипажот го преживеале падот на авионот на летот од Минеаполис до Торонто.

Авион на „Делта ерлајнс“ се урна при слетување на меѓународниот аеродром „Пирсон“ во Торонто во понеделникот, при што крилото се скинало и се запалило, а трупот на авионот се превртел наопаку.

“Беше апсолутно феноменално што можете да видите луѓе како излегуваат од превртен авион. Но, мојата втора мисла беше, добро, тоа е дизајнот. Тоа е инженерство. Тоа се години на истражување на цивилната авијација кои дозволија да се случи такво нешто”, изјави МекКормик за CNN.

Властите соопштија дека се истражува причината за несреќата. Комуникацијата помеѓу кулата и пилотот била нормална при приближувањето и не е јасно што тргнало наопаку кога авионот се превртел.

Во моментот на пристигнувањето на авионот, на аеродромот Пирсон дувале ветрови со брзина од 51 км на час до 65 км на час, според Метеоролошката служба на Канада./Извор:Makfax