Centar.mk
РЕГИОН

Млад маж и девојка загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска, имаа 19 и 18 години

Две лица на возраст од 19 и 18 години загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи нешто по полноќ во општина Драганиќ, недалеку од Карловац, известија од полициската управа во Карловац.

Несреќата се случила 25 минути по полноќ кога патничко возило со карловачки регистерски таблички поради пребрзо возење излетало од патот и влегло во канал.

Загинале 19-годишниот возач и 18-годишната сопатничка во возилото, информираат од СВР Карловац.

Истрагата утврдила дека возилото слетало во земјен канал за атмосферска вода, а потоа се превртело на покривот и удрило во задниот дел на бетонски мост. Утврдено е и дека починатите не носеле појаси.

„За сообраќајната незгода ќе биде проследена пријава до надлежното државно правобранителство“, додаваат од полициската управа Карловац./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +