Centar.mk
СВЕТ

ЕУ воведе нови санкции кон Русија

Амбасадорите на земјите членки се договорија за 16. пакет-санкции против Русија поради нејзината агресија врз Украина, кој ќе биде усвоен следниот понеделник, на тригодишнината од руската инвазија.

Новиот пакет, кој се очекува официјално да биде усвоен од министрите за надворешни работи на земјите членки в понеделник, точно на третата годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина, меѓу другото, вклучува забрана за увоз на руски алуминиум, суспендирање на правата за емитување во Европската Унија за осум руски медиуми и забрана за пристап до системот СВИФТ, кој може да се префрли на глобално ниво за 3 руски банки.

Санкциите вклучуваат и наведување уште 73 брода од т.н. руски флоти во сенка, кои служат за заобиколување на санкциите поврзани со нафтата.

Се воведуваат нови забрани за извоз (хемиски прекурсори, хром, други производи што се користат во машините за компјутерска нумеричка контрола – ЦПУ) и забрана за услуги (рафинерии за нафта и гас).

Договорот за новиот пакет-санкции дојде еден ден откако американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека Европската Унија треба да биде поканета на мировната преговарачка маса во Украина за да разговара за ублажување на санкциите против Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА ГИ ЗАПРЕ ПОЛЕТУВАЊАТА НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА – Сериозни проблеми во авионските комуникации, FAA воведе вонредна забрана поради безбедноста

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА БЕЗБЕДНОСТ ВЛЕГУВА ВО ПРЕГОВОРИТЕ ЗА УКРАИНА – Нови разговори по средбите во Абу Даби

ДЕСК

МАСОВЕН НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Украина употребила речиси 1.200 беспилотни летала

ДЕСК