Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе значително намалување на сметките на граѓаните

-Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување на сметките за струја на над 600.000 домаќинства. За сметка од 3.000 денари, заштедата за граѓаните ќе изнесува околу 400 денари месечно, велат од СДСМ.

„Во услови кога животот станува сè поскап, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии мерката на СДСМ за намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе директно финансиско олеснување за граѓаните.

Евростат измери дека граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.

Владата на Мицкоски покажа голема неспособност и незаинтересираност, наместо да им помогне на граѓаните ги остави сами.

Граѓаните се жалат дека јануарските сметки за струја им се зголемени од 20% до 30%, со што им е зададен уште еден сериозен удар врз нивните семејни буџети по серијата поскапувања на цените на производите, на храната но и на парното.

СДСМ ја повикува Владата и сите пратеници во македонското Собрание, да го прифати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ на струја од 18% на 5%, за да им се помогне на граѓаните да го прребородат овој тежок период.“ – се вели во соопштнието.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје одбележа две години од „Иноваториум“ – едукативен центар за развој на дигитални и инженерски вештини кај младите

ДЕСК

ПАДНА ОДЛУКА ЗА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Еве што одлучи РКЕ

ДЕСК

„Рајанер“: Цените на билетите летово ќе останат на ланското ниво

C +