Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и на Центар Горан Герасимовски спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода.

Оваа заедничка иницијатива беше со цел да се утврди состојбата на лице место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција во сите нејзини појавни облици.

„Од страна на МВР ќе ја разгледаме и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите и други места каде се забележува нарушување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски подвлече дека координацијата меѓу МВР и локалните самоуправи е добар пример во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК