Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: СДСМ по итна постапка бара законски измени за намалување на ДДВ за струја и храна!

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата официјално поднесоа Предлог-закон за намалување на ДДВ за струја и храна, барајќи тој да се донесе по итна постапка.

“Со овој закон бараме трајно решение за високите трошоци со кои се соочуваат граѓаните. Намалувањето на ДДВ за струјата ќе значи 13% пониски сметки за струја, семејствата ќе заштедат до 400 денари месечно на сметка од 3,000 денари а укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи ќе значи поевтина храна. Владата мора да покаже дека вистински се грижи за животниот стандард,” изјави пратеникот Фатмир Битиќи.

СДСМ нагласи дека ќе инсистира овој предлог да биде усвоен што поскоро, со цел да се намалат трошоците на граѓаните и да се заштити нивната куповна моќ.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Дожд ќе премине во снег на овие места

ДЕСК

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко – до крајот на мај ќе се стави во оператива Гранична меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле – Охрид

ДЕСК

Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира

ДЕСК