Centar.mk
СВЕТ

Полскиот министер: Нема да има заедничка армија на Европската унија

Нема да има заедничка армија на Европската Унија, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера ја повика Европа да создаде обединета армија за да се спротивстави на руската агресија во Украина и Европа.

Одговарајќи на прашање за создавање обединети европски вооружени сили, Сикорски рече дека „мораме да бидеме внимателни со тој термин бидејќи луѓето го разбираат поинаку“.

„Ако тоа значи обединување на националните армии, тоа нема да се случи“, изјави Сикорски за ТВП Ворлд.

„Но, јас сум поборник за Европа, поточно Европската унија, да ги развие сопствените одбранбени способности“, рече тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

C +

Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

C +

Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евра од тројца пензионери со приказна за итна операција

C +