6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 15 загинати во стампедо на железничката станица во Њу Делхи

Најмалку 15 лица, од кои десет жени и три деца, загинаа во стампедо од патници кои брзаа кон два задоцнети воза на железничката станица во Њу Делхи, јави денеска индиската телевизија „НДТВ“, повикувајќи се на официјални претставници.

Инцидентот се случил околу 20:00 часот по локално време, на две перони додека патниците чекале да се качат на воз за градот Прајаграж, привремена населба формирана за да ги прими посетителите на фестивалот Маха Кумб.

Индиската железница претходно денеска негираше дека имало стампедо, но потврди дека неодреден број луѓе се повредени и пренесени во болница.

Десетици луѓе загинаа во стампедо на фестивалот Кумб во северна Индија кон крајот на минатиот месец./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

C +

Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

C +

Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

C +