8. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Гешоска: Малку ми е срам што министрите за култура сметаат дека независниот куктурен сектор не треба да биде поддржуван од државата

Овдека министрите за култура сѐ уште сметаат дека независниот културен сектор не треба да биде поддржуван од државата. Тоа е… не можам да објаснам, просто ми е непријатно, срам ми е, мене ми е срам во име на сите министри кои што го мислат тоа, рече Искра Гешоска, директорка и програмски уредник на КРИК – Фестивал за критичка култура и на Контрапункт во интервју за Рацин.мк.

Таа додаде дека не треба да се оди предалеку, туку само до Хрватска или Словенија за да се види дека независната сцена таму не мора да брка фондови и конкурси, туку дека има инфраструктурни фондови.

„Затоа што општеството разбира, колку и да не им оди во прилог, колку и да е тоа критички глас, разбира дека без нив (без независната сцена), нема да може ниту институционалната култура“ рече Гешоска.

Таа додава дека вонинституционалниот културен сектор е оној којшто го создава современото културно наследство.

Видео и фото: Рацин.мк

Можеби ќе ве интересира

Димковски: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

C +

СДСМ до ВМРO-ДПМНЕ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +

СДСМ: Ако СДСМ прислушувала, зошто се плашите да декласифицирате?

C +