Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски, наставниците, родителите и учениците го чистеа школскиот двор во Коле Неделковски

Денеска, во Основното училиште „Коле Неделковски“ се реализираше голема акција за чистење и уредување на школскиот двор, која ја спроведоа учениците, наставниците, родителите и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Активноста е дел од големата акција за чистење „Центар не чека, Центар чисти“ за зголемување на свеста за важноста на чистата животна средина.

Герасимовски, истакна дека секоја ваква активност е од големо значење за создавање чисти и здрави простори за децата.

„Со денешната иницијатива за чистење, покажуваме дека сите ние, од најмлади до највозрасни, имаме одговорност да ја чуваме нашата околина чиста и да создаваме подобри услови за учење и развој. Среќен сум што акцијата ја поддржаа сите ученици од училиштето. Заеднички се грижиме за животната средина, хигиената е обврска на сите нас. Денеска, не само што го уредувавме училиштето, туку и ги учевме децата на важноста за грижата за природата“, рече Герасимовски.

Тој најави дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина, со цел создавање на уште поубави и здрави простори за живот и учење за сите граѓани на Општина Центар.

Акцијата за чистење „Центар не чека, центар чисти“ трае три недели, граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Два нови ДУП-а за Калето и опфатот околу Француските гробишта, повеќе зеленило, спортски објект и уреден простор

C +

Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел

ДЕСК

Валбон Лимани го промовираше почетокот на работите на две улици

ДЕСК