Centar.mk
СВЕТ

Романија подигна четири борбени авиони: издадено предупредување за опасност од воздух

Романија подигна четири борбени авиони во средата вечерта, откако неколку руски беспилотни летала извршија напади на украинска територија во близина на југоисточната романска граница, соопшти романското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека поради нападите со руски беспилотни летала, издадено е предупредување за воздушна опасност во пограничната област.

Забележано е и дека романските радари околу 00:30 часот идентификувале дека руско беспилотно летало накратко преминало во романскиот воздушен простор на околу еден километар во близина на градот Рени, а потоа се упатило кон украинскиот воздушен простор.

Во исто време, е пријавено можно подрачје на удар на романска почва, во близина на романско-украинската граница, без пријавена материјална штета./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК

Бил Гејтс за Епстин: „Жалам“

ДЕСК

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

ДЕСК