Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ е против промена на државниот грб, го носи континуитетот на НОБ

Ние сметаме дека државниот грб сосем соодветно ги отсликува сите хералдиски карактеристики на ова поднебје. Јасен е континуитетот и од придобивките на Народноослободителната и антифашистичка војна, нема никаква поделба во однос на етнички групи. Доколку има таква иницијатива со сите демократски средства најостро ќе се спротивставиме на промена на државниот грб, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање на денешниот брфинг со медиумите.

Филипче ја повика власта да одговори дали во рамки на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се разговарало и за промена на државната химна.

-Конкретно, првата дилема што се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со ВЛЕН давајќи го овој предлог за измена на државниот грб можеби не се разговара во коалицијата и за измена на химната? Тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ посети дека и во време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ имало предлози на маса за менување на државниот грб во пакет со иницијативи за отворање на оф-шор зони.

Можеби ќе ве интересира

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ја презеде должноста

ДЕСК

Во амбулантното одделение во затворот Идризово биле пронајдени и одземени четири пакувања со бела прашкаста материја

ДЕСК

Лишени од слобода три лица, одземено возило, изречени 40 санкции, акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Штип

ДЕСК