Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Внимателно возење низ клисурите и речните долини, постои ризик од одрони!

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од АМСМ апелираат до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност за појава на одрони.

На граничните премини од македонска страна во моментот нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15 ноември 2024 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2025 година, а од АМСМ потсетуваат дека непочитувањето може да доведе до санкции за возачите.

„Посебно внимание е потребно на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Возачите треба да возат претпазливо и да бидат подготвени за можни непредвидени ситуации на патот“, препорачуваат од АМСМ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК