Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денес студено утро, а преку денот сончево и до 11 степени, до среда времето стабилно

Студено утро со услови за слаба магла во котлините, преку денот сончево со мала облачност за денес предвидува Управата за хидрометеорологија. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 3, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро студено со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

До среда ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, во најголемиот дел од земјата со негативни утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон среда од запад ќе започнуваат врнежи од снег и понекаде од дожд. Ќе се создаде снежна покривка особено во западните и северните делови, а постојната значително ќе се зголеми./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +

Филипче: Пензионерите се оштетени, власта ги „краде“ со линеарни мерки

C +