Centar.mk
ЛОКАЛНО

Комплетно е исчистено едно од маалата во населбата Кале коешто пред една недела беше претрупано со смет

Општина Центар информира дека комплетно е исчистено едно од маалата во населбата Кале коешто пред една недела беше претрупано со смет, оставено само со една канта за отпадоци и неисчистено од страна на ЈП „Комунална хигиена“.

Градоначалникот Горан Герасимовски, веднаш презеде акција за чистење и подигнат е целиот смет, направена е дезинфекција, искречени се ѕидовите и поставени се канти за отпад.

„Нашите општински служби интензивно работат на терен подобрувајќи ја хигиената на територија на Центар. На Кале, го исчистивме сметот, направивме дезинфекција, откако утврдивме дека има една канта поставивме повеќе канти за отпад и ги искречивме ѕидовите кадешто е позиционирана урбаната опрема за децата. Сега, ова маало има поубав и нов лик. Во текот на вчерашниот ден спроведовме голема акција за чистење, кадешто се подигнуваше сметот, се миеја улиците и се чистеа клупите на шест локации во централното градско подрачје. Со акцијата создаваме попријатен простор за живеење“, порачува Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +