Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Реновиран е Клубот на пратеници, а со Перински почнуваме со теренски активности по општините каде се градат капитални проекти

Мицкоски: Реновиран е Клубот на пратеници, а со Перински почнуваме со теренски активности по општините каде се градат капитални проекти

Интегрален текст од изјавата на премиерот Христијан Мицкоски:

„Добар ден и од мене,

За мене задоволство е што сум денеска ете заедно и со Златко и со Ивица овде во овој реновиран објект, мислам дека треба така да продолжиме да се грижиме за имотот на државата бидејќи тој е заеднички имот на граѓаните. Има неколку работи коишто во периодот што следи јавноста ќе ги дознава, дел од имотот вклучително и оној каде што треба државниот врв да го користи и престојува не е впишан во имотен лист замислете, државата тоа го нема запишано ниту во имотен лист не е ни нејзина сопственост иако дефакто е така, но де јуре не е така и некако се поврзува практично ова почнување со работа на овој реновиран објект познат како Клуб на пратеници со кампањата којашто ќе ја правиме заедно со Златко во единиците на локална самоуправа каде што ќе почнуваме проекти коишто се дел од програмата на Влада за инвестиции во општините.

Периодот којшто следи ќе биде динамичен, интересен, полн со многу проекти нешто коешто го бараат граѓаните, нешто коешто на нив ќе им е потребно така што ве повикувам да не следите, мислам дека добро е да овој процес поминува транспарентно и добро е да одблиску граѓаните го дознаваат она што ќе го работиме како Влада преку соодветните министерства, нормално целиот овој процес го координира Министерството за локална самоуправа.“

Можеби ќе ве интересира

ПЕТ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО 2027 ГОДИНА – Еве кога ќе одмораат граѓаните и кои празници паѓаат во сабота

ДЕСК

ОКОЛУ 40.000 ЛУЃЕ ВО МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС БЕЗ ДА ЗНААТ – Алармантни податоци за Светскиот ден на дијабетесот

ДЕСК

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

ДЕСК