Centar.mk
СВЕТ

Девојка избоде три лица во Софија, психијатриските клиники одбиваат да ја примат

Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.

Девојката наводно е уапсена во меѓувреме.

Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“ додавајќи дека насекаде имало многу крв.

Наводно, мајката ѝ рекла на полицијата дека ќерка ѝ одбива да ги зема лековите што ѝ биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.

„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментот одбиваат да ја примат 22-годишната девојка поради недостиг на простор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

C +

Брод со мигранти бегаше од турската крајбрежна стража, па потона: најмалку 18 мртви

C +

„ОАЕ сакаат да го отворат Ормускиот теснец, се подготвуваат за војна“, објави „Волстрит журнал“

C +