Centar.mk
архивска фотографија
СВЕТ

АВИОНСКИ ПРОВЕРКИ ВО ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ – Заканите предизвикаа воена придружба и пренасочување летови

Закани за поставени бомби денеска предизвикаа безбедносни проверки на повеќе патнички летови во Европа. Авион на „Финер“ од Хелсинки кон Рим слетал на Фјумичино со придружба на италијански воени авиони.

Лет на „Аер Лингус“ од Даблин кон Рим бил пренасочен кон воената база Евре во Франција. Одделни проверки биле спроведени и на Малпенса, по слетувањето на авиони од Солун и Порто, кои пристигнале на својата планирана дестинација.

Еврокомесарот за транспорт Апостолос Ѕиѕикостас побара координација меѓу националните власти, аеродромите и авиокомпаниите. Тој порача дека истрагите продолжуваат и дека е прерано да се заклучи дали инцидентите се поврзани.

Можеби ќе ве интересира

ШЕСТ ЗАГИНАТИ ВО БРУКЛИН – Истражителите ја утврдуваат причината за пожарот во Сансет парк

ДЕСК

ПРЕСУДА ВО ЛОНДОН – Расел Бренд прогласен за виновен за силување и три сексуални напади

ДЕСК

ШТРАЈК И ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА – Синдикатите бараат повисоки плати и заштита на јавниот сектор

ДЕСК