Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицевски: Поднесовме барање за јавна расправа во Собранието за законски измени и зајакнување на безбедноста во сообраќајот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски преку социјалните мрежи информираше дека пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ поднеле барање за одржување јавна расправа со цел анализи и утврдување на потреба од изменување на законските прописи, за да се зголеми безбедноста на граѓаните.

„Денес како пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, поднесовме барање за одржување на јавна расправа со цел анализи и утврдување на потреба од изменување на законските прописи, а со цел зголемување на безбедноста на граѓаните.

Очекуваме поддршка од сите пратеници во Собранието и да ги надминеме системските проблемите со кои се соочуваме изминатите години“, стои во фејсбук објавата на пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК