12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лидерите на Европската Унија се состануваат за да разговараат за одбраната

Лидерите на земјите-членки на ЕУ денеска се собираат во Брисел за неформално да разговараат за европската одбрана во контекст на растечките геополитички тензии, особено за војната во Украина. Неформалните собири на шефовите на држави или влади на ЕУ се наменети за размена на мислења за конкретни теми со цел да се подготви теренот за подоцнежни одлуки и законодавни иницијативи.

Новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Коста, пред преземањето на функцијата најави дека сака периодично да организира неформални состаноци на лидерите на ЕУ за да можат на мир да разговараат за актуелните теми, без обврска да носат какви било одлуки или заклучоци. Лидерите ќе се сретнат во палатата Егмонт во Брисел.

На самиот почеток на средбата ќе учествува претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, а веднаш потоа лидерите на 27-те земји ќе започнат дискусија за актуелната геополитичка ситуација. За време на ручекот ќе им се придружи генералниот секретар на НАТО Руте, со кого ќе разговараат за соработката ЕУ-НАТО. Лидерите попладне ќе разговараат за зајакнување на европската одбрана, а вечерта ќе им се придружи и британскиот премиер Кир Стармер на работна вечера./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Борис Џонсон: Убиството на Чарли Кирк е знак за крајниот очај и кукавичлук на оние што не можеа да го победат на дебата

C +

Конгресот на САД одобри 342 милиона евра воена помош за Украина

C +

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

C +